Слон
и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето. Слоновите, исто така се единствените цицачи кои не можат да скокаат.
Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.
Во изминатите 40 милиони години, повеќе од 600 видови на слонови живееле на Земјата. Денес останале само три вида - саванскиот слон, шумскиот африкански слон и азискиот слон. Климатските флуктуации низ милениумите и смената на вегетацијата биле причина за изумирањето на многу видови слонови, но човечкото влијание исто така имало свој удел. Во 20 век, бројот на слоновите на Земјата бил меѓу 5 и 10 милиони, но со ловот и уништувањето на живеалиштата, нивниот број се намалил на 400.000 до 500.000 при крајот на векот. Денешните напори да се спасат слоновите може да се неадекватни и биолозите не се сигурни дали слонот како вид ќе преживее
No comments:
Post a Comment