Куче или пес (Canis lupus familiaris) е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи
од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено
од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и
освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и
семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се
смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата
варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до
жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко
или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и
мазни па се до густи и рапави
No comments:
Post a Comment